Во Битола финални дуели од државното првенство во бокс
- Попладне во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола ќе се одржат финалните дуели од државното првенство во бокс чии организатори се БК „Пелистерски јунак“ и Националната бокс федерација.
Битола, 22 декември 2024 (МИА) - Попладне во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола ќе се одржат финалните дуели од државното првенство во бокс чии организатори се БК „Пелистерски јунак“ и Националната бокс федерација.
На првенството во Битола каде воедно е возобновен турнирот „Битолски победник“ се натпреваруваат боксери во сениорска, младинска, јуниорска и кадетска конкуренција.
-На вчерашното полуфинале имаше одлични дуели, а не се сомневам дека попладне ќе има возбудливи финални средби. Најголем дел од нашите претставници се пласираа во финалето и очекувам со уште поголема поддршка од публиката нивна победа, изјави за МИА, Јове Петровски Оцо, тренер на боксерскиот клуб „Пелистерски јунак“.
Пред почетокот на финалето закажано за 16 часот, а со одлука на Боксерската федерација, на освојувачите на медали на неодамнешното Балканско првенство во бокс што се одржа во српскиот град Лозница, ќе им бидат доделени посебни награди. мт/аа/
Фото: МИА