ВМРО-ДПМНЕ: Дали зад нападот на јазикот и идентитетот стојат СДС и Филипче, со оглед на јавно изразената блискост на Бојко Борисов со СДС
- Бојко Борисов вчера јавно се пофали дека лично го изработил предлогот за бришење на македонскиот идентитет и јазик во резолуцијата во Европскиот парламент, се наведува во денешното соопштение од ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го пренесува во интегрална форма.

Скопје, 24 јули 2025
Бојко Борисов вчера јавно се пофали дека лично го изработил предлогот за бришење на македонскиот идентитет и јазик во резолуцијата во Европскиот парламент, се наведува во денешното соопштение од ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го пренесува во интегрална форма.
Зоран Заев за Бојко Борисов велеше дека му е брат, а Стево Пендаровски го ословуваше со “Бојко љубави”.
Вистинското прашање е каква е поврзаноста на СДС, Зоран Заев и Венко Филипче со бугарската пропаганда против македонскиот идентитет и јазик?
Дали позади нападот на јазикот и идентитетот стои СДС и Венко Филипче со оглед на јавно изразената блискост на Бојко Борисов со СДС?
Нели е симптоматично што единствените кои хорски ја напаѓаат владата се Венко Филипче, СДС и печурките на Бугарија во Македонија.
Токму затоа Андреј Жерновски ја има улогата на бугарски камиказа во Македонија.
Наместо СДС да ги искористи позициите да лобира за Македонија тие ги штитат бугарски интереси.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ