ВМРО-ДПМНЕ: Голем е очајот во СДСМ кога вадат сметки од пред осум години
- СООПШТЕНИЕ - Колку е голем очајот во СДС се гледа во тоа што вадат сметки стари 8 години за да манипулираат за претседателот Мицкоски и министерката Кочовска.

Скопје, 3 март 2025
Голем е очајот во СДС кога вадат сметки од пред 8 години, ако имало нешто додека беа на власт со зурли и тапани ќе го обелоденеа.
Колку е голем очајот во СДС се гледа во тоа што вадат сметки стари 8 години за да манипулираат за претседателот Мицкоски и министерката Кочовска.
Ако имало било што за претседателот Мицкоски и министерката Кочовска, СДС со зурли и на тапани изминативе 8 години ќе го објавеа и процесуираа.
СДС манипулира со сметки, затоа што се очајни и не знаат каде тераат. Ако зборуваме за сметки и кафански ручеци и хотелски сместувања, првото место оди за СДС, нема да се спуштаме на тоа ниво да докажуваме кој што правел, доволно е да се погледне од Бисера Антоанета, преку Маричиќ па надолу.
Зошто е очајот голем? Голем е затоа што за првпат во Македонија нивото на инвестиции е над 1.2 милијарди евра, се покачија плати и пензии.
СДС гледа дека нивната политика е поразена одамна, а падот во рејтинг не им престанува иако се длабоко во опозиција.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
________________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.