Влезот во Башино Село ќе се реконструира
- Целосно ќе се реконструира влезот во Башино Село,велешко за што веќе е избрана фирмата изведувач и градежните зафати ќе започнат наскоро. Овој проект е еден од петнаесетте за кои се обезбедени финансиски средства преку Владата а во соработка со Министерството за транспорт, информира денеска градоначалникот Марко Колев.
Велес, 25 февруари 2026 (МИА) - Целосно ќе се реконструира влезот во Башино Село за што веќе е избрана фирмата изведувач и градежните зафати ќе започнат наскоро. Овој проект е еден од петнаесетте за кои се обезбедени финансиски средства преку Владата во соработка со Министерството за транспорт. информира денеска градоначалникот Марко Колев.
- Уште едно барање на жителите од овој дел на Општината е исполнето, со што значително ќе се придонесе за развој на ова село. Рамномерниот развој на Општината е приоритет во нашето работење, вели градоначалникот Марко Колев. ад/бак/
Фото: Општина Велес