• e enjte, 10 tetor 2024

Властите во Газа соопштија за 18 загинати во израелски напади

Властите во Газа соопштија за 18 загинати во израелски напади

Газа, 9 октомври 2024 (МИА) - Најмалку 18 лица, меѓу кои пет деца и две жени, загинаа во израелските напади во централниот и северниот дел на Газа, соопштија денеска претставници на локалните власти контролирани од исламистичкото движење „Хамас“ на палестинската територија

Во два напада се погодени шатори за раселените луѓе во бегалските кампови Нусејрат и Буреиј во центарот на Газа. Телата на девет лица, меѓу кои и три деца, се донесени во болницата „Ал Акса“ во блискиот град Деир ал Балах.

Претходно во израелски напад загинале девет лица, според информации на болницата „Ал Ахли“ во која биле пренесени телата.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху синоќа изјави дека Израел ги убил и наследниците на лидерот на Хезболах, Хасан Насрала, откако привремениот лидер на либанската група вети дека таа ќе возврати на вооружените сили на Израел во јужен Либан. рп/

Фото: МИА архива

QËNDRONI TË LIDHUR