• e enjte, 10 tetor 2024

Венгу на средбата со Македонци: Косово, национален стратешки приоритет на Албанија

Венгу на средбата со Македонци: Косово, национален стратешки приоритет на Албанија

Тирана, 9 октомври 2024 (МИА) - Министерот за одбрана на Косово, Ејуп Маќедонци, синоќа престојувал во Тирана при што на средбата со неговиот домаќин, Пиро Венгу, разговарале за продлабочување на соработката во областа на одбраната и военото образование меѓу двете земји.

За време на разговорот, Венгу истакнал дека Косово останува национален стратешки приоритет за Албанија и клучен елемент во надворешната и безбедносната политика.

- Нашето заедничко минато и историја не водат на патувањето кон демократските вредности и интеграцијата во евроатлантските структури. Косово останува национален стратешки приоритет на Албанија и е во центарот на нашата надворешна и безбедносна политика. Затоа, ние сме посветени на вклучување на Косово во меѓународните безбедносни структури, напиша Венгу во објава на Фејсбук.

Посочил дека Албанија ги поддржува и аспирациите на Косово за интеграција во евроатлантското семејство.

- Нашата соработка ќе продолжи уште поинтензивно на полето на одбраната, а ќе го зголемиме бројот на можности за студенти и офицери на Косовските безбедносни сили во нашите воени образовни институции. Ќе го поддржиме развојот на заеднички капацитети, вклучително и на полето на цивилни вонредни состојби, наведува Венгу во објавата. вт/рп/

 

 

QËNDRONI TË LIDHUR