• e enjte, 20 shkurt 2025

Бразил ќе се приклучи на ОПЕК +

Бразил ќе се приклучи на ОПЕК +

Бразилија, 18 февруари 2025 (МИА) – Владата денеска одобри приклучување на Бразил во групата земји извознички на нафта ОПЕК +.

Одобрувањето на владата е одговор на официјалниот повик од 2023 година.

Групата ОПЕК + ги вклучува 12-те членки на групата ОПЕК основана за да го координира производството на нафта за стабилизирање на пазарот, плус 10 главни земји производители на нафта, од кои Русија е убедливо најголема.

Иако членките на ОПЕК +, кои не се членки на ОПЕК се согласуваат да соработуваат со земјите од ОПЕК, Бразил нема да има обврски како што се намалување на производството, изјави министерот за рударство и енергија Александре Силвеира.

Силвеира го нарече ОПЕК + само „форум за дискусија за стратегиите на земјите производители на нафта“.

- Не треба да се срамиме што сме производители на нафта. Бразил треба да расте, да се развива и да создава приходи и работни места, нагласи тој. јт/

QËNDRONI TË LIDHUR