• e mërkurë, 08 janar 2025

Блинкен во Париз на разговори за Блискиот Исток

Блинкен во Париз на разговори за Блискиот Исток

Париз, 8 јануари 2025 (МИА) - Американскиот државен секретар во заминување Ентони Блинкен денеска ја започна посетата на Париз во која ќе ја добие највисоката чест на Франција и ќе побара понатамошна координација за турбулентниот Блиски Исток.

Блинкен ќе се сретне со претседателот Емануел Макрон, кој ќе го одликува со Легијата на честа, највисокиот француски орден за заслуги.

Блинкен, исто така, ќе се сретне со министерот за надворешни работи Жан-Ноел Баро на разговори фокусирани на Блискиот Исток, вклучително и Сирија, каде што силите предводени од исламистите минатиот месец го соборија долгогодишниот владетел Башар ал Асад.

Блинкен утре ќе замине за Рим на разговори со европските колеги за Сирија, пред да му се придружи на Бајден на неговото последно меѓународно патување во кое американскиот претседател ќе се види со папата Франциско. мс/

фото: МИА архива

QËNDRONI TË LIDHUR