• e mërkurë, 05 shkurt 2025

Бесплатно летување за најуспешните спортисти од Кисела Вода

Бесплатно летување за најуспешните спортисти од Кисела Вода

Скопје, 5 февруари 2025 (МИА) - Општина Кисела Вода и оваа година продолжува со успешната пракса на наградување на младите спортски таленти со бесплатно летување како дел од стратегијата за поддршка на спортот и здравиот начин на живот. Победниците во Лигата на училишен спорт, која опфаќа натпревари во кошарка, фудбал, одбојка и ракомет во машка и женска конкуренција, ќе имаат можност да летуваат во Извидничкиот Центар во Охрид, информираат од Општината.

Оваа мерка, која била воведена минатата година, има за цел да ги мотивира младите активно да се вклучат во спортските активности, да го развиваат тимскиот дух и да градат здрави навики преку спортот.

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски истакнал дека оваа иницијатива е дел од пошироката стратегија на Општина Кисела Вода за поттикнување на спортот меѓу младите:

-Спортот ги подобрува физичкото и менталното здравје на децата, но создава и другарства, дисциплина и тимски дух. Со обезбедување бесплатно летување за најдобрите во Лигата на училишен спорт, не само што ги наградуваме нивниот труд и посветеност, туку и дополнително ја поттикнуваме спортската култура во училиштата, изјавил градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Ова, додал тој, е дел од стратегијата за поддршка на младите и најавил дека како општина ќе продолжат со мерки што ќе овозможат уште поголема афирмација на спортот и негов развој во нашите училишта. сст/са/

фото Општина Кисела Вода

GJITHASHTU MUND TË Pëlqejë

QËNDRONI TË LIDHUR