Белата куќа соопшти дека Бајден и Харис свикале состанок за да разговараат за иранскиот напад
- Соопштението на Белата куќа е објавено откако нападот веќе почна.
- Post By Златко Шумковски
- 19:01, 1 tetor, 2024
Вашингтон, 1 октомври 2024 (МИА) - Белата куќа соопшти дека американскиот претседател Џо Бајден итно свикал состанок со потпретседателката Камала Харис и нивните советници за национална безбедност за да разговараат за евентуалниот напад на Иран врз Израел.
Соопштението на Белата куќа е објавено откако нападот веќе почна.
„Тие го разгледаа статусот на подготовките на САД да му помогнат на Израел да се одбрани од тие напади и да го заштити американскиот персонал во регионот“, се вели во соопштението на Белата куќа. зш/