• e enjte, 03 tetor 2024

Без вода утре корисниците од „Мишко Михајловски“ и дел од „Франклин Рузвелт“

Без вода утре корисниците од „Мишко Михајловски“ и дел од „Франклин Рузвелт“

Скопје, 2 октомври 2024 (МИА) - Без вода утре ќе бидат корисниците од улицата „Мишко Михајловски“ и дел од „Франклин Рузвелт“, информираат попладнево од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ - Скопје.

Поради менување вентил на улицата „Франклин Рузвелт“ број 60, како што се појаснува во соопштението, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица. Станува збор за потегот од булеварот „Партизански одреди“ до улицата „Орце Николов“.

Поради изведување водоводен приклучок на улицата „Мишко Михајловски“ број 2б, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од оваа улица.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од девет часот до завршување на работните активности. бд/дма/

Фото: МИА архива

QËNDRONI TË LIDHUR