Бајден присуствуваше на комеморацијата за жртвите на нападот во Њу Орлеанс
- Американскиот претседател Џо Бајден и неговата сопруга Џил синоќа го посетија местото на нападот во Њу Орлеанс, Луизијана, каде што утрото на 1 јануари загинаа 14 лица, а десетици беа повредени.
- Post By Сања Костовска
- 11:11, 7 janar, 2025
Вашингтон, 7 јануари 2025 (МИА) - Американскиот претседател Џо Бајден и неговата сопруга Џил синоќа го посетија местото на нападот во Њу Орлеанс, Луизијана, каде што утрото на 1 јануари загинаа 14 лица, а десетици беа повредени.
Откако оддаде почит на жртвите на улицата „Бурбон“, Џо и Џил Бајден се сретнаа со роднините на загинатите, преживеаните и повредени полицајци на комеморацијата во катедралата „Свети Луј“ во Њу Орлеанс.
Напаѓачот Шамсудин Џабар, кој со пикап се залета во толпа славеници, беше убиен во престрелка со полицијата. ФБИ соопшти дека 42-годишниот поранешен војник Џабар бил инспириран од џихадистичката терористичка организација „Исламска држава“, а Бајден го потврди ова во своето неделно обраќање.
- Поминав буквално 17-18 часа со разузнавачката заедница од трагедијата, откривајќи што точно се случило. - Заклучивме без разумно сомневање дека чинот во Њу Орлеанс го извршил еден поединец, рече претседателот.
Говорејќи на синоќешната служба во Сент Луис, Бајден рече дека погодените од нападот на новогодишната ноќ „не се сами“.
- Знам дека е тешко да се помине низ вакво нешто, шокот и болката се уште се свежи... Не е исто. Но, знаеме како е да изгубиш дел од душата, им порача американскиот претседател на ожалостените. ссм/
фото: ЕПА