• e diel, 28 korrik 2024

Бајден и кралот на Јордан разговараа за преговорите за прекин на огнот во Газа

Бајден и кралот на Јордан разговараа за преговорите за прекин на огнот во Газа

Вашингтон, 27 јули 2024 (МИА) - Американскиот претседател Џо Бајден и јорданскиот крал Абдула синоќа телефонски разговараа за напорите за постигнување прекин на огнот и договор за ослободување на заложниците во Газа, соопштија двете страни.

Во соопштението на Белата куќа се вели дека Бајден го информирал Абдула за „подготовките за нагло зголемување на хуманитарната помош за време на периодот на прекин на огнот“.

„Двајцата разговараа и за можните реформи на палестинската управа на Западниот брег окупиран од Израел, како и за обезбедување пристап до приходите“, соопшти Белата куќа.

Јорданското кралство соопшти дека двајцата разговарале за „опасниот развој на ситуацијата во Газа“. „Абдула ја потврди важната улога на САД во создавањето политички хоризонт за постигнување праведен и траен мир заснован на решението со две држави“, се додава во соопштението. паг/

Фото: МИА архива

 

 

QËNDRONI TË LIDHUR