• e premte, 03 maj 2024

АСЈО поднесе тужба до Управниот суд по одлуката на ДКСК за запирање на постапката за прием на 130 слушатели до завршување на изборите

АСЈО поднесе тужба до Управниот суд по одлуката на ДКСК за запирање на постапката за прием на 130 слушатели до завршување на изборите

Скопје, 21 април 2024 (МИА) – Академијата за судии и јавни обвинители (АСЈО) поднесе тужба до Управниот суд, откако во петокот Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) расправаше по втор пат за запирање на постапката за прием на 130 слушатели до завршување на претседателските и парламентарни избори, потврдија за МИА од Академијата за судии и јавни обвинители.

На седницата, членовите на ДКСК со четири гласа „за“ и еден „против“ донесоа одлука со која и се предлага на Академијата за судии и јавни обвинители да ја стави во мирување постапката за прием на 130 слушатели до завршување на изборите, по што Академијата го искористи законскиот рок од 24 часа за поднесување на тужба до Управниот суд, кој пак, по приемот има рок од 48 часа да одлучува по жалбата.

Против ваквата одлука гласаше членот на ДКСК, Софија Спасова Медарска, која образложи дека процесите што се одвиваат во рамки на правосудството не би смееле да зависат од политичките процеси, бидејќи како што рече, судската власт е самостојна независна и јасно одвоена од законодавната и извршната власт. Посочи дека неопходноста од нови кадри во рамки на правосудството можат да ја проценуваат и определуваат само Судскиот совет и Советот на јавни обвинители, во чија надлежност е да ги следат состојбите со испразнетите места и да го определат потребниот број на слушатели кои ќе ги едуцира Академијата во секоја генерација. ра/нд/

Фото: МИА архива

 

QËNDRONI TË LIDHUR