• e martë, 25 shkurt 2025

Алек Болдвин испровоциран од комичар пред својот дом во Њујорк

Алек Болдвин испровоциран од комичар пред својот дом во Њујорк

Њујорк, 25 февруари 2025 (МИА) - Алек Болдвин прилично непријатно ги доживеа шегите на комичар кој го исмејувал пред неговиот дом, на тема - трагедијата на снимањето на филмот „'Рѓа“, каде што беше убиена филмската работничка Халина Хачинс, откако Болдвин несреќно испука куршум кон неа. Имено, во доста напната блиска средба потоа, американскиот глумец му се закани на комичарот - дека ќе му го скрши вратот.

Џејсон Скуп, како и Болдвин во своите скечеви во американската емисија „Сабота навечер во живо“ (Saturday Night Live), го имитира Доналд Трамп, па во видео споделено на својот интернет-простор, на висок тон почна да се потсмева со холивудската ѕвезда, додека овој истоварува багаж од автомобилот пред својот дом во Њујорк.

- Алек, па ова е твојот омилен претседател!, му довикнува Скуп на Болдвин, алудирајќи на познатата пародија на Болдвин.

Сѐ тоа, се чини, наликува на политичка провокација кон Болдвин како неистомисленик на Трамп. Комичарот продолжи, во обид да го имитира Трамп држејќи голем прстен:

- Ете, Алек, ќе ти понудам целосно помилување затоа што сакам да бидеме пријатели, нели? Сакам да бидеме пријатели. Ќе ти дадам целосно помилување затоа што ја уби таа жена ако го бакнеш прстенов.

 
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Jason Scoop (@jasonscoop)

Скуп го повтори случајот со смртта на снимателката.

- Па, Алек, ако не го сакаш тоа помилување зашто ладнокрвно ја уби таа жена - можеш да го наречеш (убитво од) прв степен - можеш да го наречеш како сакаш, но тоа не е добро, Алек. Таа сега нѐ гледа од горе, насмеана, среќна и ми вели: „Ти благодарам што се соочи со човекот што ме уби“, продолжи Скуп, имитирајќи го Трамп.

Болдвин, притоа, молчи за време на повеќето шеги на Скуп, но на крајот му одговори.

- Погледни ме. Сакам да ме погледнеш. Имаш камера кон мене овде? Дали сфаќаш дека моите деца живеат во оваа куќа!? Сакам да знаеш нешто. Слушај ме многу внимателно... Ако оваа камера не беше тука, ќе ти го скршев вратот. Го знаеш тоа, нели?, возврати Болдвин.

Потоа се разделија, а Скуп на крајот од точката, ја пофали својата „жртва“, па нагласи дека „за разлика од Роберт де Ниро кој избега“, Болдвин се соочи со комичарот.  си/паг/

Фото: Инстаграм

QËNDRONI TË LIDHUR