Ѓорѓиевски две години во Шкендија
- Македонскиот претставник во УЕФА Конференциската лига тетовска Шкендија потпиша две годишен договор со напаѓачот Марко Ѓорѓиевски
Тетово, 17.јули 2026 (МИА) – Македонскиот претставник во УЕФА Конференциската лига тетовска Шкендија потпиша две годишен договор со напаѓачот Марко Ѓорѓиевски. 26-годишниот центарфор со враќа повторно во македонскиот фудбал откако пред заминувањето во Романија настапуваше за Силекс.
Напаѓачот настапуваше во Романија по одличните настапи во Силекс, кога беше и најдобар стрелец во ПМФЛ. Од македонските клубови има настапи и во: Брера, Шкупи, Борец и Вардар, а интернационална кариера има и во Србија во клубовите: Вождовац и Раднички Пирот во Србија.
Ѓорѓиевски треба на клубот да му се приклучи меѓу двете квалификациски кола од европските купови. мн/
Фото: Фејсбук ФК Шкендија