• e premte, 18 tetor 2024

Бројот на католици ширум светот се зголеми на 1,4 милијарди, соопшти Ватикан

Бројот на католици ширум светот се зголеми на 1,4 милијарди, соопшти Ватикан

Рим, 17 октомври 2024 (МИА) - Бројот на католици ширум светот се зголеми на 1,4 милијарди, според официјалните статистички податоци објавени денеска од ватиканската новинска агенција Фидес.

Статистичките податоци, ажурирани на 31 декември 2022 година, покажуваат дека бројот на католици се зголемил за речиси 14 милиони во споредба со претходната година, растејќи на сите континенти освен Европа.

Конкретно во Африка и Америка, имаше значителни зголемувања од 7,2 милиони и 5,9 милиони соодветно. Спротивно на тоа, Европа забележа пад од 474.000 верници поради повлекување од црквата, смртни случаи и помалку крштевки.

Статистичките податоци се објавени по повод јубилејната година на Католичката црква, која ќе се слави во 2025 година. Јубилејните години обично се слават на секои 25 години.

Католиците сега сочинуваат 17,7 отсто од светското население. Христијанството е најголемата религија во светот, а потоа следат исламот и хиндуизмот. рп/

Фото: МИА архива

GJITHASHTU MUND TË Pëlqejë

QËNDRONI TË LIDHUR