• e martë, 08 prill 2025
Shqip
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Продолжува штрајкот во училиштата во Славонија

Продолжува штрајкот во училиштата во Славонија

Загреб, 3 април 2025 (МИА) - Во Хрватска денеска продолжи штрајкот во основните и средните училишта и факултетите во повеќе жупании.

Штрајкот го организираат три образовни синдикати - Самостојниот синдикат на вработните во средните училишта, Самостојниот синдикат на науката и високото образование и Училишниот синдикат „Препород“.

Првиот беше организиран во понеделникот во Сплитско-далматинската, Задарската, Шибеничко-Книнската и Дубровничко-Неретванската жупанија.

Организаторите на штрајкот бараат зголемување на основната плата за 10 отсто, корекција на коефициентите и образовен додаток. Тие бараат и одложување на модуларната настава во стручните училишта, како и одложување на оценувањето на учителите и наставниците.

Синдикатите најавија дека штрајкот ќе трае се додека не се исполнат нивните барања. Хрватската влада смета дека овој штрајк е непотребен и дека платите на наставниците се значително зголемени во изминатата година.

Владата одлучи дека на наставниците нема да им бидат платени деновите во кои штрајкувале. рп/

Фото: МИА архива

 

QËNDRONI TË LIDHUR