• e martë, 08 prill 2025
Shqip
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Бугарските пратеници расправаат по барањето за гласање недоверба на Владата

Бугарските пратеници расправаат по барањето за гласање недоверба на Владата

Софија, 2 април 2025 (МИА) - Бугарските пратениците ја почнаа расправата по барањето за гласање недоверба на Владата, во присуство на премиерот Росен Жељазков.

Барањето во Собранието го поднесоа пратеничките групи на „Преродба“, „Морал, единство и чест“ и „Величина“, поради, како што наведуваат, системски неуспех во надворешната политика на земјата. Педесет и четири пратеници од трите партии предлагаат Народното собрание да и изгласа недоверба на Владата.

Гласањето се очекува да се спроведе утре. рп/

Фото: МИА архива

 

QËNDRONI TË LIDHUR