• e hënë, 03 mars 2025

Џејмс ја оствари јубилејната 1.000 победа во НБА

Џејмс ја оствари јубилејната 1.000 победа во НБА

Лос Анџелес, 3 март 2025 (МИА) – Екипата на Лос Анџелес лејкерс ноќеска во градското дерби ги совладаа Клиперси со 108:102. Првата ѕвезда на лејкерс, Леброн Џејмс постигна 17 поени, пет скока и девет асистенции. 

Четирикратниот МВП во НБА-лигата ја забележа својата 1000-та победа во регуларниот дел од сезоната. 

Ова достигнување го рангира 40-годишнито Џејмс на на четвртото место во историјата, зад Карим Абдул-Џабар (1.074), Роберт Периш (1.014) и Тим Данкан (1.001).

Во тековната сезона во најсилната кошаркарска лига на светот, Џејмс има просек од 24,9 поени, 8,1 скока и 8,6 асистенции. зс/

Фото: ЕПА

QËNDRONI TË LIDHUR