• e premte, 08 nëntor 2024

Џек Блек како „ѓаволскиот“ Дедо Мраз, во филм режиран од браќата Фарели

Џек Блек како „ѓаволскиот“ Дедо Мраз, во филм режиран од браќата Фарели

Лос Анџелес, 7 ноември 2024 (МИА) - Пред околу 10 години, браќата Боби и Питер Фарели го издадоа последниот заеднички филм - третиот дел од приказната „Глупавиот и поглупавиот“ (Dumb and Dumber To). Сега повторно заедно сработија филм, и тоа - Божиќна комедија.

Замислата за филмот „Драг Дедо Мраз“ (Dear Santa) се јавила пред 15-тина години, но требало подолго време за тој да се комплетира.

- Овој филм е „долго-обликувачки“, како и сите наши филмови. Патем, на „Глупавиот и поглупавиот“ му беа потребни пет години за да биде направен. За „Има нешто околу Мери“ сценариото беше старо 10 години кога го преработивме... Им требаше малку време за да стигнат до крајот. Таков е случајот и со овој, објасни Питер за „Ентертејнмент викли“ (Entertainment Weekly).

Питер Фарели, заедно со Рики Блит, го напиша сценариото. Откако сите биле задоволни со тоа, Боби се согласи да режира.

Приказната го следи малиот Лијам Тарнер (го глуми Роберт Тимоти Смит), кој сè уште верува во Дедо Мраз. За да им докаже на сите свои пријатели кои не веруваат дека тој постои, тој му пишува писмо на легендарниот човек и го повикува да се покаже. Но, наместо кон Дедо Мраз (Santa), писмото e упатено до Сатаната (Satan). „Нечестивиот“ (Џек Блек), кој никогаш не добил писмо од дете, е „поласкан“ и оди да го запознае Лиjам...

Според режисерот, Џек Блек бил првиот и единствен избор.

- Во секое време, има малку палавост за него, но е исклучително симпатичен. Тоа е, просто - Џек. Никогаш не сакавме да правиме хорор-филм или слично. Сакавме сѐ тоа да биде смешно... Џек е нашиот совршен човек за тоа, појасни Боби Фарели.

„Драг Дедо Мраз“ ќе се прикажува во кино од 25 ноември оваа година.  си/сд/

Фото: ИМДБ

GJITHASHTU MUND TË Pëlqejë

QËNDRONI TË LIDHUR