• e martë, 12 nëntor 2024

Њујорк Тајмс: Трамп се подготвува да се повлече од Парискиот климатски договор

Њујорк Тајмс: Трамп се подготвува да се повлече од Парискиот климатски договор

Вашингтон, 9 ноември 2024 (МИА) – Тимот за транзиција на власта на новоизбраниот американски претседател, Доналд Трамп, подготвил извршни наредби и објава за повлекување од Парискиот климатски договор и намалување на големината на некои заштитени подрачја за да се овозможи поголемо дупчење и ископување, објави Њујорк Тајмс.

Трамп, исто така, се очекува да ја укине забраната за нов извоз на течен природен гас на главните пазари во Азија и Европа и да го укине исклучокот што и дозволува на Калифорнија и другите држави да имаат построги стандарди во борбата против загадувањето, се наведува во извештајот.

Во текот на кампањата Трамп вети дека ќе преземе многу од активностите наведени во извештајот на весникот.

Каролин Левит, портпаролка на транзицискиот тим на Трамп, како одговор на барањето на Ројтерс рече дека резултатите од изборите во вторник му дале „мандат да ги исполни ветувањата што ги дал во кампањата“.

Администрацијата на претседателот Џо Бајден во јануари го запре издавањето на нови одобренија за извоз на течен гас за да ја заврши студијата за еколошките и економските влијанија на извозот.

Американското Министерство за енергетика пред крајот на годината треба да го објави нацртот на ажурираната анализа за потребите на 60-дневно јавно советување, рече претставник на министерството.

Според весникот, некои луѓе од тимот за транзиција разговараат за преместување на седиштето на Агенцијата за заштита на животната средина од Вашингтон.сд/

фото:ЕПА

QËNDRONI TË LIDHUR