• e premte, 04 korrik 2025
Shqip
  • English
  • Shqip
  • Македонски

ЈП Комуналец од Крива Паланка уредува нови и постојни зелени и хортикултурни површини

ЈП Комуналец од Крива Паланка уредува нови и постојни зелени и хортикултурни површини

Крива Паланка,15 април 2025 (МИА) - Вработените во Јавното претпријатие Комуналец - Крива Паланка интензивно работат на уредување на повеќе локации во градот, подигнување нови зелени површини и на одржување на постоечките зелени и хортикултурно уредени површини.

Од претпријатието информираат дека во низата активности се опфатени подигнување нова површина и сеење трева во речното корито на Крива Река, на потегот од спортскиот комплекс кон градскиот базен. 

- Интензивно и ажурно работиме на разубавување на градот во пресрет на празничните и сончеви денови. Денес тим од ЈП Комуналец интензивно работеше на расчистување и порамнување на земјената површина на речното корито на Крива Река кај спортскиот комплекс, кадешто беше уредено мајор коритото до потегот кај градскиот базен. Покрај тоа, се врши и редовно косење на зелени површини покрај главната улица, чистење на детските игралишта и чистење тревни површини околу нив, отстранување отпадоци и тревна вегетација на јавни површини во градот, кастрење гранки, во прилог на еколошки чиста и убава Крива Паланка, велат од претпријатието.

Во рамки на редовните активности на ЈП Комуналец Крива Паланка, деновиве во село Градец се реализираше акција за косење и расчистување обрасната вегетација околу црквата и во дворот на старото училиште - културно историски локалитет Градец каде во недела, на првиот ден од големиот христијански празник Велигден ќе се одржи манифестацијата „Велигденска традиција" во организација на Општина Крива Паланка и ЛУ Градски музеј Крива Паланка.

Секторот паркови и зеленило на ЈП Комуналец спроведе и акција за расчистување на стариот пат кон манастирот Св.Јоаким Осоговски каде за време на празникот се очекува голема фреквенција на посетители и туристи. иб/цр


Фото : ЈП Комуналец.

GJITHASHTU MUND TË Pëlqejë

QËNDRONI TË LIDHUR