Јапонската влада поднесе оставка пред Парламентот да го потврди новиот кабинет на чело со Шигеру Ишиба
- Јапонската влада, на чело со премиерот Фумио Кишида, поднесе оставка пред Парламентот да го одобри новиот кабинет предводен од Шигеру Ишиба.
- Post By Марија Спасовска
- 07:18, 1 tetor, 2024
Токио, 1 октомври 2024 (МИА) - Јапонската влада, на чело со премиерот Фумио Кишида, поднесе оставка пред Парламентот да го одобри новиот кабинет предводен од Шигеру Ишиба.
Ишиба беше избран во петокот за нов лидер на владејачката Либерално-демократска партија (ЛДП), на местото на Кишида, кој во август најави дека ќе се повлече од функцијата партиски лидер и премиер, пред да му измине целиот мандат. Парламентот денеска се очекува да гласа за именувањето на Ишиба, кој сигурно ќе добие поддршка во законодавниот дом бидејќи ЛДП има мнозинство. Потоа Ишиба ќе ги соопшти и имињата на министрите во новата влада. мс/
фото: МИА архива