• e diel, 22 dhjetor 2024

Јаневска: Предлог-законот за средно образование повторно ќе биде поднесен во Собранието, со подобрен текст

Јаневска: Предлог-законот за средно образование повторно ќе биде поднесен во Собранието, со подобрен текст

Скопје, 21 декември 2024 (МИА) - Предлог-законот за средно образование повторно ќе биде поднесен во Собранието, со подобрен текст, рече министерката за образование и наука Весна Јаневска. 

-Дискусијата за предлог-Законот за средно образование беше префрлена на политички план. Бидејќи се претвори во друга тема, а не тема за образованието, сметам дека е соодветно да се повлече законот, објасни Јаневска, во вечерните вести на ТВ Сител, информираат од Министерството за обвразование и наука.

Политиката да не се вметнува таму каде што не треба, а во образованието и не смее, посочи Јаневска, изразувајќи надеж дека во иднина ќе дојде до разбирање на политичките партнери околу заедничките државни симболи, по мирен пат.

-Тука јас ја гледам улогата на образованието. Ќе се посветиме на воспитната компонента, на мултиетничноста, на мултикултурализмот, почитување на различностите во образовниот процес. Тука е нашата шанса. Кај младите кои веќе го гледаат новиот свет, свет во кој најмалку е важно на која етничка група припаѓаш, или дали припаѓаш на мнозински или малцински народ. Технологијата напредува од ден на ден, глобалната слика се менува од ден на ден, ние не можеме да живееме во минатото. Тука ја гледам иднината и просперитетот на оваа држава, рече Јаневска.

Најави дека во Буџетот на Министерството за 2025 година се обезбедени средства за превоз на студентите, откако одлуката ќе помине на Влада.  аа/

Фото: МИА архива

QËNDRONI TË LIDHUR