Јаневска на конференција посветена на развојот на стручното образование и обука
- Министерката за образование и наука, Весна Јаневска денеска ќе се обрати на конференција посветена на развојот на стручното образование и обука.
- Post By Фатиме Фазљији
- 07:03, 3 korrik, 2025
Скопје, 3 јули 2025 (МИА) - Министерката за образование и наука, Весна Јаневска денеска ќе се обрати на конференција посветена на развојот на стручното образование и обука.
Како што информираат од МОН, на конференцијата ќе биде промовирано и пристапувањето на Македонија кон членство во World Skills Europe мрежата, која овозможува поврзување и размена на позитивни практики и искуства помеѓу земји и институции во областа на стручното образование и обука и во рамки на истата се организираат меѓународни ученички натпревари.
Конференцијата е во организација на Швајцарската амбасада во Скопје и проектот „Е4Е - Образование за вработување“.фф/дма/
Фото: МИА Архива