• e hënë, 02 shtator 2024

Јамал подобри достигнување на Меси

Јамал подобри достигнување на Меси

Барселона, 1 септември 2024 (МИА) - Новата ѕвезда на Барселона, Ламин Јамал, продолжува да импресионира со своите неверојатни игри на теренот. Талентот ја пренесе својата одлична форма од Евро 2024 во новата сезона во Ла Лига.

Во првите четири натпревари од тековната сезона, 17-годишниот напаѓач успеа да постигне еден гол и да направи четири асистенции. Последните две асистенции дојдоа во победата на Барселона од 7:0 против Ваљадолид.

ТакаЈамал влезе во историјата на Ла Лига како најмлад играч кој стигнал до најмалку 10 асистенции во првенството. Тој веќе има 11 асистенции, од кои седум минатата сезона.

Севкупно во кариерата, Шпанецот со мароканско и гвинејско потекло забележа импресивни 20 асистенции. За споредба, Лионел Меси до оваа бројка на асистенции стигна на 21 година. дс

Фото: Архива

QËNDRONI TË LIDHUR