• e shtunë, 13 dhjetor 2025

Ѓорѓиевски се сретна со амбасадорката на САД, Агелер

Ѓорѓиевски се сретна со амбасадорката на САД, Агелер

Скопје, 11 декември 2025 (МИА) - Градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски денеска се сретна со делегација од Амбасадата на САД предводена од амбасадорката Анџела П. Агелер, која беше прва посета во Градот Скопје откако е на својата должност, информираат од Град Скопје. 

-Денеска со особено задоволство бев домаќин на делегација од Амбасадата на Соединетите Американски Држави, предводена од амбасадорката Н.Е. Анџела П. Агелер. Во делегацијата учествуваа и Дејвид Маерс, шеф на Политичко-економскиот оддел, како и Розита Мреношки, помошник за политичко-економски прашања. Ова е прва посета во градот Скопје на амбасадорката Агелер откако е на својата должност. Ја информирав за изборната програма, за динамиката на нејзина реализација и тековните проекти кои Град Скопје ги спроведува, напиша Ѓорѓиевски на својот фејсбук профил.

Разговаравме, вели тој, отворено за предизвиците, визиите и стратешките приоритети за развој на градот во следните години.

-Особено важно беше заедничкото согледување на потребата од бескомпромисна борба против корупцијата на сите нивоа.
Се согласивме дека само со транспарентност, отчетност и силни институции можеме да изградиме модерно и доверливо општество. САД се наш докажан и долгогодишен стратешки партнер. Поддршката што ја добиваме од Соединетите Држави во развојот на институциите, демократијата и економијата е од огромно значење за нашиот напредок, пишува Ѓорѓиевски. 

Уверен е дека ова партнерство ќе се продлабочува и ќе продолжи да создава нови можности за жителите на Скопје.

-Продолжуваме заеднички да градиме силни врски, стабилност и перспективи, за Скопје што расте, се развива и го заслужува најдоброто, пишува градоначалникот на Град Скопје. сст/са/

Фото ФБ Орце Ѓорѓиевски 

GJITHASHTU MUND TË Pëlqejë

QËNDRONI TË LIDHUR