• e premte, 22 nëntor 2024

Штипскиот градоначалник Јорданов најави буџет за 2025 година по мерка на граѓаните

Штипскиот градоначалник Јорданов најави буџет за 2025 година по мерка на граѓаните

Штип, 20 ноември 2024 (МИА) - Наредната година се очекува најголем Буџет, со кој ќе се реализираат капитални инвестии, најави денеска градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов. Тој посочи дека во периодот кој следи ќе се слушнат предлозите на граѓаните и истите ќе бидат ставени како приоритети за наредната година. Состаноците ќе се реализираат во сите урбани заедници, а Буџетот треба да биде готов до средината на месец декември.

-За 2025 година очекуваме најголем буџет до сега по однос на капитални инвестиции. Предлозите кои ќе имаме можност да ги добиеме од граѓаните секако дека ќе бидат едни од носечките проекти со кои ќе се креира буџетот. Се планираат состаноци со сите урбани заедници на кои граѓаните ќе имаат можност да ги дадат своите предлози, рече Јорданов.

Освен носечките проекти кои ќе се предложат од граѓаните, треба да се реализираат и низа на капитални проекти. Дел од нив веќе се започнати, друг дел треба да започнат и да се реализираат наредната година. Јорданов истакна дека се очекуваат многу проекти, активности на терен и инвестиции во Штип.

-Обиколницата која е најавена која ќе ги поврзува населбите Железничка, Пребег до викенд населбата Плуждино, но и ќе оовозможи побрз проток на возила за сите учесници во сообраќајот е еден од поголемите капитални проекти. Исто така доизградбата на булеварот „Партизанска“ до населбата Осми Ноември е опфатена од почетокот на 2025 година, потоа мега паркот, долж велосипедската патека покрај река Брегалница, изјави Јорданов.

Врз основа на идеите, предлозите и проблемите кои ги имаат граѓаните ќе се креира програмата за уредување на државно земјиште и јавни набавки. Основниот Буџет за оваа 2024 година во Штип беше над 740 илјади денари, а вкупниот буџет изнесува една милијадра 530 милиони и 858 илјади денари. вдј

Фото: МИА

 

QËNDRONI TË LIDHUR