Чолаку: Романија има механизми за стабилизација и враќање на вистинскиот пат
- Романија се соочува со политичка нестабилност поради поништувањето на претседателските избори, но има механизми за стабилизација, истакна премиерот Марчел Чолаку на денешната владина седница. Чолаку посочи дека земјата има капацитет да ги мобилизира сите расположиви ресурси за враќање на стабилниот пат.
Букурешт, 18 декември 2024 (МИА) - Романија се соочува со политичка нестабилност поради поништувањето на претседателските избори, но има механизми за стабилизација, истакна премиерот Марчел Чолаку на денешната владина седница. Чолаку посочи дека земјата има капацитет да ги мобилизира сите расположиви ресурси за враќање на стабилниот пат.
- Помеѓу економската, здравствената, енергетската и кризата предизвикана од војната на нашите граници, успеавме солидно да се справиме. Верувам дека истото ќе го постигнеме и сега, изјави премиерот на Романија.
Чолаку нагласи дека ова е последна седница на сегашната влада, при што изрази благодарност кон министрите за нивниот труд во овој комплексен мандат, исполнет со предизвици.
Во меѓувреме, неговата Социјалдемократска партија води преговори за формирање парламентарно мнозинство со три проевропски партии и претставници на малцинствата. Целта е до крајот на годината да се формира ново владејачко мнозинство. ссм/
фото: архива