• e enjte, 17 tetor 2024

Четиригодишна казна затвор му се заканува на јужнокорејскиот фудбалер Хванг

Четиригодишна казна затвор му се заканува на јужнокорејскиот фудбалер Хванг


Сеул, 16 октомври 2024 (МИА) – Обвинителството во Сеул побара казна од четири години затвор за поранешниот јужнокорејски фудбалски репрезентативец Хванг Уи-Џо Хван, објави денеска весникот „Л’Екип“.
Крилниот напаѓач, кој настапува за турски Анталијаспор, наводно ги снимал своите сексуални односи со две девојки, без нивна согласност.
„Една од жртвите одби вонсудска спогодба и побара висока казна за фудбалерот. Хванг сега ги призна наводите од обвинението, но неговите претходни негирање на фактите фрлија сомнеж врз неговото каење за она што се случило“, соопшти државното обвинителство.
Хванг во минатото настапуваше за англиските клубови Нотингем Форест и Норич, како и за француски Бордо и грчки Олимпијакос.
За репрезентацијата на Јужна Кореја одигра 62 натпревари и постигна 19 голови. ег

ФОТО: Фејсбук

 

QËNDRONI TË LIDHUR