• e shtunë, 26 tetor 2024

Четворицата астронаути на НАСА се вратија на Земјата по речиси осум месеци на МВС

Четворицата астронаути на НАСА се вратија на Земјата по речиси осум месеци на МВС

Вашингтон, 25 октомври 2024 (МИА) - Четворица астронаути на НАСА денеска се вратија на Земјата со леталото на компанијата „Спејс Икс“, откако беа на мисија на Меѓународната вселенска станица (МВС) која траеше речиси осум месеци.

Капсулата на „Спејс Икс“ слета во Мексиканскиот залив во близина на брегот на Флорида. Нивниот престој на МВС беше продолжен поради проблеми со капсулата „Старлајнер“ на „Боинг“ и ураганот Милтон, кој ги погоди САД на почетокот на овој месец, објави телевизијата Еј-Би-Си.

Четворица астронаути - тројца Американци - Метју Доминик, Мајкл Барат и Жанет Епс и еден Русин - Александар Гребенкин, требаше да се вратат на Земјата пред два месеци, но нивното враќање беше одложено поради проблеми со капсулата „Старлајнер“ која од МВС се врати празна во септември, бидејќи се сметаше дека е небезбедна за враќање на астронаутите. рп/

Фото: МИА архива

GJITHASHTU MUND TË Pëlqejë

QËNDRONI TË LIDHUR