• e shtunë, 05 tetor 2024

Целосна реконструкција на улицата „Исаија Мажовски“ во Хром

Целосна реконструкција на улицата „Исаија Мажовски“ во Хром

Скопје, 4 октомври 2024 (МИА) - Општина Ѓорче Петров информира дека целосно се реконструира улицата „Исаија Мажовски“ во Хром.

- Со овој зафат, една од главните артерии во Општина Ѓорче Петров ќе биде целосно сигурна и безбедна за сите возила и пешаци. Станува збор за реконструкција на коловоз од 3.000 метри квадратни што во иднина ќе значи помалку сообраќајни незгоди и подобро движење, се вели во соопштението. 

Од Општина Ѓорче Петров најавуваат дека ќе продолжат да инвестираат во безбедноста и сигурноста на своите граѓани. 

- Целта е да се обезбеди максимално квалитетна инфраструктура која ќе овозможи сигурно секојдневие на жителите на Ѓорче Петров. И во перидот што следува ќе бидат реализирани сериозни инфраструктурни чекори кои значително ќе ја подобрат сообраќајната мрежа во Ѓорче Петров, но и генерално проекти кои имаат за цел подобрување за условите на живот во општината, се наведува во соопштението. мд/дма/

Фото: Општина Ѓорче Петров 

QËNDRONI TË LIDHUR