• e mërkurë, 02 prill 2025
Shqip
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Хуманитарен пролетен вински салон - GrandVin Spring Edition 2025

Хуманитарен пролетен вински салон - GrandVin Spring Edition 2025

Скопје, 29 март 2025 (МИА) - Македонска асоцијација на сомелиери - МАСОМ денеска ќе го одржи винскиот настан Grand Vin Spring Edition.

На настанот кој се одржува во Скопје повеќе од 40 вински производители ќе ги претстават своите најнови вина, берби и купажи за 2025 година, вина од македонските и светските вински региони.

Средствата од влезниците ќе бидат донирани на семејствата погодени од трагедијата во Кочани. Со секој билет, не само што ќе уживате во виното, туку и ќе дадете значаен придонес.

Покрај винската понуда, ќе има и селектирани ракии, како и гурмански специјалитети во деликатесниот павилион. свс/нд/

Фото: МАСОМ

GJITHASHTU MUND TË Pëlqejë

QËNDRONI TË LIDHUR