Хеликоптер на брза помош се урна во Турција, при што загинаа четири лица
- За време на тренинг лет, турски хеликоптер за брза помош се урна на покривот на болницата во областа Ментеше во провинцијата Мугла, на југозападниот дел на земјата, и падна од покривот во болничкиот парк, при што загинаа четири лица, објавија денеска турските медиуми.
Анкара, 22 декември 2024 (МИА) - За време на тренинг лет, турски хеликоптер за брза помош се урна на покривот на болницата во областа Ментеше во провинцијата Мугла, на југозападниот дел на земјата, и падна од покривот во болничкиот парк, при што загинаа четири лица, објавија денеска турските медиуми.
На местото на несреќата излегоа бројни противпожарни, здравствени, полициски екипи и екипи на турската служба за итни случаи (АФАД).
Гувернерот на провинцијата Мугла, Идрис Акбик, излегол на местото на несреќата и за турските медиуми потврдил дека животот го загубиле двајца пилоти, еден лекар и еден член на персоналот на брзата помош.
Тој изјави дека во целиот регион има густа магла и потврди дека „нема никакви проблеми во болницата по авионската несреќа“. мс/
фото: Пиксабеј