Ф1: Леклер најбрз на последното претсезонско тестирање
- Возачот на Ферари, Шарл Леклер, беше најбрз на денешното тестирање во Бахреин, последно пред почетокот на новата сезона во Формула 1.
- Post By Емил Гашевски
- 19:04, 20 shkurt, 2026
Скопје, 20 февруари 2026 (МИА) – Возачот на Ферари, Шарл Леклер, беше најбрз на денешното тестирање во Бахреин, последно пред почетокот на новата сезона во Формула 1.
Леклер постигна резултат од 1:32,992 минути и извозе 132 круга.
Втор беше актуелниот шампион, возачот на Мекларен, Ландо Норис, со заостанување од 0,879 секунди, возејќи 47 круга, а трет возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, со заостанување од 1,117 секунди, возејќи 65 круга.
Новата сезона започнува на 8 март со Големата награда на Австралија во Мелбурн. ег
ФОТО: ЕПА