Алкараз се пласираше во финалето во Доха
- Најдобриот светски тенисер, Шпанецот Карлос Алкараз, се пласираше во финалето на АТП турнирот во Доха, откако вечерва го совлада Русинот Андреј Рубљов со 2:0 во сетови (7:6(3), 6:4).
- Post By Емил Гашевски
- 21:07, 20 shkurt, 2026
Доха, 20 февруари 2026 (МИА) – Најдобриот светски тенисер, Шпанецот Карлос Алкараз, се пласираше во финалето на АТП турнирот во Доха, откако вечерва го совлада Русинот Андреј Рубљов со 2:0 во сетови (7:6(3), 6:4).
Алкараз дојде до победата над 14 играч на АТП листата по два часа и три минути.
Шпанецот пет пати му го одзеде сервисот на противникот, кој направи четири брејка.
Во финалето, Алкараз ќе игра против победникот од второто полуфинале меѓу Финс – Меншик. ег
ФОТО: ЕПА