Французинот Баро вети поддршка за Сирија при посетата на Дамаск
- Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро вети поддршка за Сирија за време на заедничката посета на Дамаск со германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок.
- Post By Марија Спасовска
- 15:54, 3 janar, 2025
Париз, 3 јануари 2025 (МИА) - Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро вети поддршка за Сирија за време на заедничката посета на Дамаск со германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок.
-Пред неколку недели се создаде нова надеж, надеж за суверена Сирија, стабилна Сирија и мирна Сирија, рече Баро. „Оваа надеж се сведуваше на решителноста и мобилизацијата на сириското население. Тоа е кревка надеж, но реална надеж и поради таа причина Франција ќе застане покрај Сиријците“, додаде тој.
По посетата на озлогласениот затвор Седнаја северно од Дамаск, Баро ја потврди француската решеност да помогне во истрагата на злосторствата извршени таму. Франција ја поддржа работата на сириските граѓански организации во документирањето на злосторствата извршени таму од неодамна соборениот режим на Башар ал Асад од 2011 година, рече тој.
Во Дамаск, Баро ги посети и просториите на француската амбасада, која е затворена од 2012 година. Дипломатското претставништво на Франција постепено ќе биде отворено во зависност од безбедносната и политичката ситуација, рече тој. мс/
фото: ЕПА