• e premte, 27 qershor 2025
Shqip
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Фетел за хармонија во Мекларен: Норис и Пјастри нема да станат ривали-непријатели

Фетел за хармонија во Мекларен: Норис и Пјастри нема да станат ривали-непријатели

Лондон, 16 април 2025 (МИА) - Четирикратниот светски шампион Себастијан Фетел го сподели своето мислење за односите на возачите во Мекларен.

- Ландо Норис останува главен кандидат за титулата, но ситуацијата може да се промени. Додека навивачите секогаш очекуваат драма, не гледам знаци на голем конфликт меѓу него и Оскар Пјастри. Тие најдоа совршена рамнотежа - тимска хемија под будното око на Андреа Стела која ја елиминира непотребната тензија.
Сегашната генерација на тркачи направи пробив во нивната способност да го одделат натпреварувачкиот дух од личните односи. Ги почитувавме и нашите ривали, но денес возачите достигнаа ново ниво во овој аспект, изјави Фетел за „crash.net“.

Следната трка од сезоната во Формула 1 шампионатот, Големата награда на Саудиска Арабија, ќе се вози од 18 до 20 април на патеката во Џеда. зс/

Фото: ЕПА

QËNDRONI TË LIDHUR