• e shtunë, 28 dhjetor 2024

Усвоен Буџетот на Општина Дебрца проектиран на 162 милиони денари

Усвоен Буџетот на Општина Дебрца проектиран на 162 милиони денари

Охрид, 27 декември 2024 (МИА) – Советот на Општина Дебрца денеска го усвои Буџетот за 2025 година и годишните развојни програми на општината за наредната година.

Вкупниот буџет на општина Дебрца за 2025 година е проектиран на износ од 162.500.000 денари од кои 50.824.154 денари предвидени средства за реализација на капитални и развојни проекти.

На изготвувањето на Буџетот претходеше постапка во која граѓаните, месните заедници, здруженијата на граѓани и други заинтересирани страни можеа да дадат свои предлози во поглед на креирањето на Буџетот за 2025 година.

Градоначалникот на Дебрца, Зоран Ногачески, посочи дека основната цел на Буџетот е да ги намали непродуктивните трошоци и да обезбеди простор за реализација на повеќе проекти.

На тој начин ќе се обезбеди простор за мерки и проекти кои што ќе значат зајакнување на социјалната кохезија помеѓу граѓаните и зголемување на квалитетот на живот во општината.

Во Буџетот за 2025 година предвидено е реализација на капитални инфраструктурни проекти, проекти од областа на образованието, културата, социјалата, спортот, животната средина, руралниот туризам и други. аб/аа/

фото/МИА

 

GJITHASHTU MUND TË Pëlqejë

QËNDRONI TË LIDHUR