• e enjte, 03 tetor 2024

Украина отвори истрага за егзекуцијата на нејзини 16 воени заробеници на истокот на земјата

Украина отвори истрага за егзекуцијата на нејзини 16 воени заробеници на истокот на земјата

Kиев, 2 октомври 2024 (МИА) - Украина отвори истрага за егзекуцијата на 16 украински воени заробеници, која наводно ја извршила руската армија во близина на Покровск, важен град на истокот на земјата, соопшти денеска државното обвинителство во Киев.
„Ова е најмасовниот познат случај на егзекуција на украински воени затвореници на линијата на фронтот“, објави главниот државен обвинител Андриј Костин,  во соопштение од неговата канцеларија со тврдење дека „убиствата и тортурата на затворениците не се коинциденција, туку намерна политика“ на Русија.

Обвинителството наведе дека има информации дека „најмалку 92 украински војници кои се предале биле егзекутирани на бојното поле“, и дека оваа бројка го вклучува и она што се случило во близина на Покровск. зш/
фото ЕПА

QËNDRONI TË LIDHUR