Уапсен поранешниот министер за одбрана и опозициски лидер на Бенин
- Поранешниот министер за одбрана на Бенин и истакнат опозициски лидер, Канди Азанај, е уапсен денеска во Котону, на јужниот брег на земјата, соопшти полициски извор.
Котону, 12 декември 2025 (МИА) – Поранешниот министер за одбрана на Бенин и истакнат опозициски лидер, Канди Азанај, е уапсен денеска во Котону, на јужниот брег на земјата, соопшти полициски извор.
Полицискиот извор, кој сакал да остане анонимен, не дал никакви детали за причините за апсењето на Азанај, ниту за тоа каде тој моментално се наоѓа, пренесува „Фигаро“.
Близок соработник на Азанај го потврди апсењето, наведувајќи дека „нема информации“ за причините за апсењето.
Најмалку десет војници беа уапсени пред неколку дена во Бенин по обидот за државен удар што се случи минатата недела во економската престолнина на земјата, Котону, за кој владата тврдеше дека бил „спречен“. јт/сд/
Фото: ЕПА архива