Туск: Посветеноста на НАТО во одбрана на Полска е од витално значење за нас
- НАТО има витален ангажман за заштита на Полска во секој еден момент, изјави полскиот премиер Доналд Туск по средбата со генералниот секретар на Алијансата, Марк Руте во Варшава
- Post By Марина Илиевска
- 14:14, 26 mars, 2025

Варшава, 26 март 2025 (МИА) – НАТО има витален ангажман за заштита на Полска во секој еден момент, изјави полскиот премиер Доналд Туск по средбата со генералниот секретар на Алијансата, Марк Руте во Варшава.
- Потврдувањето на ангажманот дека НАТО е должен да ја брани Полска во секоја критична ситуација е многу важно за нас, наведе Туск.
Тој додаде дека претставниците на САД постојано нагласуваат дека во случај на опасност секогаш ќе бидат подготвени да ја бранат Полска и другите земји од сојузот.
Руте ја потврди подготвеноста на НАТО да ги брани своите сојузници и додаде дека Алијансата ќе одговори со сите сили на секој напад.
- Нашата реакција ќе биде поразителна. Ова треба да му биде јасно на (рускиот претседател) Владимир Владимирович Путин и на секој друг што сака да не нападне, потенцира Руте. ми/
фото: ЕПА