Три романи во најтесниот избор за наградата „Роман на годината“
- „Простување“ од Кица Колбе („Или-или“), „Светот што го избрав“ од Калина Малеска („Или-или“) и „И ѕирка и проѕирка“ („Антолог“) се трите романи што влегоа во најтесниот избор за годинашната награда „Роман на годината“, што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“. Ова го реши жири-комисијата во состав: Лидија Димковска (минатогодишна лауреатка и претседателка на жирито), Маја Бојаџиевска, Ѓоко Здравески, Андреј Ал-Асади и Катерина Богоева (претставничка на Фондацијата).
- Post By Лидија Велковска
- 07:53, 9 mars, 2025

Скопје, 9 март 2025 (МИА) - „Простување“ од Кица Колбе („Или-или“), „Светот што го избрав“ од Калина Малеска („Или-или“) и „И ѕирка и проѕирка“ („Антолог“) се трите романи што влегоа во најтесниот избор за годинашната награда „Роман на годината“, што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“. Ова го реши жири-комисијата во состав: Лидија Димковска (минатогодишна лауреатка и претседателка на жирито), Маја Бојаџиевска, Ѓоко Здравески, Андреј Ал-Асади и Катерина Богоева (претставничка на Фондацијата).
Насловот на победничкиот роман ќе биде соопштен на прес-конференција на 14 март во кафе-книжарницата „Буква“ во Скопје, со почеток во 12 часот.
На конкурсот за наградата „Роман на годината“ годинава се пријавија 43 романи, а жири-комисијата преку неколку селекции стаса до најтесниот избор.
-Како една од спецификите на годинашниот конкурс е фактот дека во најтесниот избор влегоа романи напишани од авторки, што е своевиден куриозитет во историјата на наградата, информира жири комисијата.
Наградата „Роман на годината“ за 2024 година, се состои од плакета, статуетка и паричен износ од 150.000 денари што го добива авторот, во случајот авторката, на победничкиот роман. Наградата годинава се доделува по 26-ти пат, а свеченото врачување ќе се одржи кон средината на мај.лв/
фото: жири комисија