• e shtunë, 07 mars 2026

Трипуновски: Откупот на земјоделски производи бележи раст од 15 проценти, а извозот е зголемен за 5,5 отсто

Трипуновски: Откупот на земјоделски производи бележи раст од 15 проценти, а извозот е зголемен за 5,5 отсто

Скопје, 6 март 2026 (МИА) - Ако ги споредиме бројките од 2025 година со 2024 година и претходните години, можеме да забележиме сериозен раст во преработувачката индустрија од 3,6 отсто. Она што е уште поважно е анализата по квартали во 2025 година, особено во делот на откупот и продажбата на земјоделски производи, што претставува еден од најрелевантните показатели за квантитетот на домашното производство. Во четвртиот квартал од 2025 година, откупот и продажбата на земјоделски производи изнесуваат околу 12,5 милијарди денари, што е за 15 отсто повеќе споредбено со 2024 година. Сличен позитивен тренд е забележан и во останатите квартали, што значи дека домашното производство по квантитет бележи раст, рече денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски на панел дискусијата „Раст на економијата – економска сигурност на граѓаните“ што се одржа во Владата.

Трипуновски напомена дека годината била успешна и покрај неповолните климатски услови.

-Ако ја анализираме целата година во целина, не само во делот на откупот и продажбата, туку и во извозот на земјоделски производи, бележиме раст од околу 5,5 отсто во споредба со 2024 година. Тоа е јасен показател дека земјоделското производство се движи во позитивна насока и дека го зголемуваме производството на храна, истакна Трипуновски.

Министерот посочи дека овие резултати се должат на добрите политики на Владата, на креирањето интервентни мерки, на стабилизација на секторот, како и на исплатата на заостанатите обврски. мч/са/

Фото: принтскрин

GJITHASHTU MUND TË Pëlqejë

QËNDRONI TË LIDHUR