Министерство за транспорт: Со намалување на трошоците за изградба на спортска инфраструктура, поттикнуваме поголеми инвестиции во спортот
- -Преку намалување на трошоците за изградба на овој вид на спортска инфраструктура, поттикнуваме поголеми инвестиции во спортот, го олеснуваме процесот на изградба на нови спортски сали, игралишта и друг тип на спортски објекти со што директно придонесуваме за развој на спортот. Ова претставува важен чекор кон создавање на модерна и функционална спортска инфрастрктруа која ќе го потикне спортот и ќе ја унапреди спортската култура во државата и ќе придонесе за локалниот економски развој, велат од Министерството за транспорт.
Скопје, 6 март 2026 (МИА) - Министерството за транспорт во соработка со Министерството за спорт, преку соодветни измени на подзаконски акти овозможи стимулирање во делот на изградба на спортски објекти од затворен и отворен тип, базени и други видови на спортски објекти. Имено, за истите се намалени торшоците за уредување на земјиштето или популарните комуналии.
-Преку намалување на трошоците за изградба на овој вид на спортска инфраструктура, поттикнуваме поголеми инвестиции во спортот, го олеснуваме процесот на изградба на нови спортски сали, игралишта и друг тип на спортски објекти со што директно придонесуваме за развој на спортот. Ова претставува важен чекор кон создавање на модерна и функционална спортска инфрастрктруа која ќе го потикне спортот и ќе ја унапреди спортската култура во државата и ќе придонесе за локалниот економски развој, велат од Министерството за транспорт.
Со овие измени Министерството за транспорт директно го подржува инфраструктурниот развој преку остварување на јавниот интерес за граѓаните и развој на спортот. сст/дма/
Фото: МИА архива