Трио „Џентлмен“ со прв мини концерт во Градско
- Во рамки на свеченоста по повод Денот на Општина Градско - 16 Декември, синоќа во Домот на културата „Крсте Петков Мисирков“ во Градско прв мини концерт имаше триото „Џентлмен“ од Скопје. Тие ја воодушевија присутната публика со својата оперска изведба на познати македонски евергрини и хитови и староградски македонски песни меѓу кои „Се посврши Сербез Донка“,„Јовано, Јованке“, а завршија со велешката песна „Болен ми лежи Миле Поп Јорданов“. Изнудија долг и силен аплауз од публиката.
You need to login to view this page