• e diel, 22 dhjetor 2024

Традиционална средба на скопјани со кумот и здравичарот на Бадник на Водно

Традиционална средба на скопјани со кумот и здравичарот на Бадник на Водно

Скопје, 22 декември 2024 (МИА) - Во рамки на годинешната прослава на Бадник, во месноста Говрлевска Краста, на јужните падини на Водно денеска напладне ќе биде организирана традиционалната средба на скопјани со кумот и здравичарот на Бадник 2025 година, со симболично сечење на бадникови гранчиња.

Одборот за прослава на Бадник во Скопје на своите сограѓани ќе им ги претстави новиот кум Раде Макеларски и здравичарот Атанас Петров за Бадник 2025, соопштувајќи на тој начин, како што најавуваат, дека се е подготвено за централната прослава на 6-ти јануари на платото пред Соборниот Храм.

На настанот, како што е најавено, ќе присуствуваат и актуелните кум Божидар Јанковски Бобо и здравичарот Анастас Тановски Таше, како и градоначалниците на Општина Центар и Град Скопје, но и повеќе кумови и здравичари од изминатите години.

Месноста Краста се наоѓа на јужните падини на Водно на патот кон хидрцентралата „Козјак“. Тука скопските бадникари ги собираат бадниковите гранчиња што на 6 Јануари со години им ги делат на скопјани, на свеченоста на платото пред Соборниот Храм Свети Климент Охридски во пресрет на Божик-најсветлиот христијански празник. аа/

Фото: МИА архива

 

QËNDRONI TË LIDHUR