Талески се раздели со Шкендија
- ФК Шкендија и голманот Давор Талески постигнаа договор за раскинување на соработката меѓу страните. По две и пол години во „црвено-црниот“ дрес, 29-годишниот голман го напушта клубот за да бара средина во која ќе има повеќе простор за игра, соопштија од клубот
- Post By Спорт Миа
- 17:45, 2 janar, 2025
Тетово, 2 јануари 2025 (МИА) - ФК Шкендија и голманот Давор Талески постигнаа договор за раскинување на соработката меѓу страните. По две и пол години во „црвено-црниот“ дрес, 29-годишниот голман го напушта клубот за да бара средина во која ќе има повеќе простор за игра, соопштија од клубот.
Заедно со Талески од „црвено-црниот“ тим заминува и напаѓачот Дауда Бамба. 29-годишниот фудбалер кој пристигна летото не успеа да ги надмине проблемите со повредите и според прелиминарниот договор во такви услови неговиот договор со клубот станува неважечки.
Талески ѝ се приклучи на Шкендија во јуни 2022 година и во овој период придонесе за тимот, покажувајќи максимална професионалност и посветеност.
„ФК Шкендија му се заблагодарува на Давор Талески за посветеноста и напорната работа за време на неговиот престој во Тетово, посакувајќи му многу успеси и просперитет во професионалната иднина“, додаваат од тетовскиот тим. дс
Фото: Фејсбук/КФ Шкендија