• e diel, 20 tetor 2024

Суарез преговара за нов договор со Интер Мајами

Суарез преговара за нов договор со Интер Мајами

Мајами, 19 октомври 2024 (МИА) - Напаѓачот на Интер Мајами - Луис Суарез, се чувствува одлично во клубот и затоа сака да потпише нов договор. Актуелниот договор на Уругваецот истекува на крајот на календарската 2024 година, но Суарез сака да остане и после тоа.

- Знам дека мојот адвокат разговара со клубот, но со мир на умот, ќе ја завршам сезоната. Тоа е одлука на клубот, но што се однесува до мене, со задоволство ќе останам, изјави Суарез, цитиран од „Атлетик“.

Триесет и седум годишниот фудбалер потпиша со клубот од Флорида во јануари 2024 година, откако претходно играше за Гремио.

Со Интер Мајами, каде што е соиграч со неговиот добар пријател Лионел Меси, Суарез има 22 гола и 10 асистенции на 33 натпревари во сите натпреварувања. дс

Фото: Архива

QËNDRONI TË LIDHUR